Братучедот Герман ќе мора да се сети дека откако ќе го скрши стаклото, ќе треба да се поткачи на нешто и со некоја железна прачка направена како ченгел на едниот крај, или со нешто слично, да ги потфати железните лостови од едната па од другата половина од вратата што ја држат залостена, да ги тргне нагоре и тогаш вратата ширум ќе се отвори само со едно поттурнување...
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)