прачка (имн.) - од (предл.)

Но тогаш светот веќе изгледаше како мирно место, исполнето со љубов, а пред нејзиниот кревет бдееше еден достоинствен старец со нежни движења и со смирувачка насмевка, кој ѝ ја врати волјата за живот со две хипнотички движења на раката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Уште пред да се раздени, ја разбуди силната желба за пушење, но зглобовите од рацете и нозете ѝ беа врзани за прачките од креветот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со мака таа можеше некако да се провре меѓу железните прачки од прозорчето.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
На лозјето оставив четири прачки од лозите, па сестра ми Љубица му ги однесе на Шнајдерот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)