пракса (имн.) - не (чест.)

Но, сепак, важно е да се истакне дека, настрана од сѐ, судската пракса не потфрли во конкретниов случај – барем кога беше во прашање правната заштита на работничките права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Разочаран од самиот судски систем, а и од целокупниот институционален систем воспоставен во државата, тој не ја гледа добивката од сето ова и вели дека во иднина, доколку би имал повторно прекршување на неговите работнички права, тој воопшто не би 239 покренал судски спор!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Можеме слободно да кажеме дека агресивноста на неолибералната политика, во Македонија во периодот 2010-2014 година претставува главен кулприт за контиунираната ерозија на работничките права, енормната класна раслоеност и намалениот животен стандард, кои се неопходен предуслов за остварување на што поголема „флексибилизација“ на трудот, што во пракса не е ништо друго освен еуфемизам кој означува дополнителна дерегулација на пазарот на трудот, намалување на вредноста на работникот во работниот процес, негова уште поголема експлоатација, обесправување и осиромашување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Лошото искуство кое го има претрпено го одвраќа и од активирање во полето за заштита на работнички права, како и од самото учество во облици на протест и поддршка на работниците. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)