Се занишаа селаните потпрени врз веалките, се потсмевнаа со ќошињата на очите, ги затресоа бечвите и крпениците, ја подголтнаа празнината со сувите усти, зашто немаше што друго да проголтаат.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во ресторанот којшто, како што реков, ми е добро познат од ручеците со Моне, додека си буричкам по усната празнина со големата голтка „кока кола“, си го следам со „ммм“ рефренот на „Knocking on the heaven door“ од џубоксот. Можеби, и нешто си мислам.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Во крвавиот траг на боиштето остана само едно од тие изребрени суви тела, што се превиваше во морничаво, жилаво умирање, продолжувајќи за сето време да замавнува во празнината со своите задни нозе, чиниш и во своите последни соништа продолжуваше да бега, некаде во некоја шума, некаде меѓу некои стебла, однесувајќи ја и од онаа страна на животот својата исконска глад.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)