празнина (имн.) - на (предл.)

При толку многу нова светлина клепката ми се отвора како златниот капак на џебниот часовник и не може да ѝ се изначуди на глобалната празнина на хоризонтот во која ласерските зраци се мачат да заиграат чочек.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Така, секој крај на нивните реченици завршуваше во празнината на просторот над нив, како во некоја црна дупка, проголтани во немоќта.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Празнините на нивните глави не би ги исполниле ни сите алпски одеци! (Пиштало)
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не сакав да побегнам од празнината на мислите и на собата.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Така, не им остануваше друго, но беспомошно да гледаат во празнината на единственото за нив, есенцијално прашање: Како може да постои практична обука без алатка?
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Жената молчи и во длабините на очите дупки светкаа во празнината на своето тело.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Шарениот палјачо седеше во аголот на собата и гледаше во празнината на својата нога.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Беше еден речиси бел, низок месец под бескрајно високата празнина на цибрината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не можам, а да не ја сетам празнината на зборот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Зар не виде како се џарам околу себе додека ја враќав теглата во празнината на ѕидот и додека ја спуштав лажицата во каленицата од која минатата ноќ сркав надробен леб во толчен лук со оцет и вода.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со овие постапки (мислам на толчениот лук со оцет и вода од сношти, како и на шеќердисаното слатко од утринава) дали посакував да се уверам дека животот продолжува со својот вообичаен тек?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И немо залипал со празнината на усвитената утроба.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од секојдневните настани бил расчепен надве - едната половина му е врела, гори, во сѐ бара вистина, сиот разум му е во неа, другата станува трупец под мраз.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И него како и другите го болеле нозете, во празнината на колениците легнувал студ.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се сетил: последно што видел била дамка пресна крв врз белата превивка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Амам: промена на смислата Не кога ќе влезеш и кога ќе те заплисне врел и непроѕирен воздух не кога ќе те поклопат капките разлеани по ѕидовите реата, мермерот, мрморењето не кога ќе те обземе вртоглавица зашеметеност од празнината на амамот, полна пот, плот и пареа не кога ќе те погоди како отсјај во сон светлината подадена низ розетата дозирано, од високо не додека студеното сонце-иње од карши ги облагородува дрвјата, релјефите, порталите, фасадите на сараите туку кога ќе потонеш гола во гротлото ко крвава рожба во исцедокот од водолијата тукушто прсната, за да може да се слизне низ пенџерето на животот (на)право во царството на немилосрдноста кога збунетото тело ќе помисли дека секое друго место е подобро ама ќе остане и понатаму - таму без да се помести кога ќе ја осетиш жешката вода како оддалечување од секојдневието, од агонијата на распадот (целото е мислена именка, далечно минато) кога ќе се престориш течен заборав божји благослов и ќе му се предадеш на телото мислејќи си ѝ се предал на психата егзотичното прелевање на смислата сѐ додека не се претвориш во прелив како таков кога ќе се испреплетат значењата едни со други и ќе се испретурат во кошницата на светогледот а ти ќе тргнеш во потрага по почетокот кога ќе сфатиш - Бизант е капија во темните агли на памтењето цела епоха е втисната како анатолиска крпенка во обичните зборови од твојот мајчин јазик во интимата на јазикот и се спровира низ капијата кон одаите и спалните дома кајшто по извесно време по извесна стварност потеклото се заташкува сродството се изобличува јазикот има свои потреби како и телото сфаќаш и тонеш во без-сознание зад јазикот, отаде нека почека ако те чека ... Истанбул, декември 2003
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Навистина не знаев што да кажам, не ни размислував што да речам; што всушност, кажете ми ве молам, можев да изглаголам, онака фатен во небрано, со израз на бескрајно чудење на лицето и црна празнина на душата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)