прагма (имн.) - мора (гл.)

Прагмата морала да не му даде простор на правото на Македонците за нивно обединување, пред сѐ затоа што на Еванс му биле познати ставовите на Грците спрема Македонците во Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Напорите на Македонците за обединување, според него, "би биле задушени со сила од Грците, кои сигурно би се кренале од цела Грција за да ги задушат" таквите тежнеења на Македонците, бидејќи и тој бил свесен дека Грција била "доволно сиромашна... за да ѝ се земе една од нејзините најпродуктивни територии" што, од своја страна, би ја направила уште посиромашна.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)