праг (имн.) - на (предл.)

Вака Мила беше меѓу првите на листата за ликвидација зашто учителот на многумина им бодеше очи, со козлето на прагот на училиштето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Е па сакаше да бидеш писател нели? Повели, еве, ги испраќам до тебе најцрните човечки судбини, ќе мора отсега, па натаму, да ги сослушуваш, колку и да не ти се допаѓа тоа што ќе го чуеш ... а ќе чуеш секакви приказни, за болести, за кои не си знаел досега, за надежи засекогаш загубени, за сакатења, сквернавења на човечки судбини, какви не си имал прилика да видиш, а си бил убеден дека знаеш дури и за редовните посетители пред прагот на инферното, за сите пороци што ги измислил светот, откако постои...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тие со обични примања не можат да го пречекорат прагот на „Хилтон“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Зашто, некој прадедо, пред педесетина години, тој бил производител и трговец на розово масло, враќајќи се дома, пеплосан сиот од бес, застанал пред прагот на собата и со сета сила го фрлил среде посланиот килим шишенцето со розово масло и извикал: - Та мене ли ќе ми кажат дека тоа не е чисто масло!...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Еве трета година се обидува напразно тој да го пречекори прагот на финалето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Вклучувањето во ескалацијата на деструктивноста ќе ве одведе до прагот на самодеструкцијата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Може да се направи алтернативна стратегија или сѐ останува до личната кондиција, издржливост и праг на дразба?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Мечкин Камен се бореше и го бранеше прагот на Републиката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Максим ја отвора вратата, Влези му вели на Васила и додека држејќи ја вратата отворена чека да ги избрише Васил опинците првин од штиците на чардакот потоа и од чергичето пред прагот на одајата, пред него пред Васила во одајата, прерипнувајќи го прагот, влегува Караман.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
(Еве ме... Најпосле сум пред прагот на Атеистичкиот музеј во Скадар...).
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се слушаа само нашите чекори по тешките дрвени прагови на пругата; владееше ужасна тишина, која ми ги смируваше сетилата, што ми беа растроени од пијанството под врелото сонце на Стоби.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Ако таа крава се омажила, тогаш има шанси и за нас“, се тешеа две девојки кои минуваа крај нив, со сосема пристоен изглед, но со оној едвај забележлив став на лажна надменост, карактеристичен за повеќето немажени а ’еманципирани’, на прагот на средовечноста.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Кога ќе се појавите на прагот на куќата на некој англиски благородник мошне веројатно е дека слугата ќе ви каже, Почитуваната Госпоѓа се извинува, таа не е дома и ќе морате да чекате да добиете една убава картичка Г-дин и Г-ѓа John Miller дома во Сабота, 5-ти Ноември од 16 часот - не сте повикани лично - кажано ви е дека г-дин и г-ѓа Милер ќе бидат дома и дека ќе очекуваат (можеби со задоволство) да ве видат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Пред прагот на нејзината соба стоеја сите, Рада беше во црвена ноќница.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ми се враќа некогашната треска, тешко ми е, најтешко од сѐ да раскажувам за овој настан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ние, освен тоа, можеме и да не ви дадеме камења. Повелете, еве ви го капарот и збогум, со здравје. Оставете ги нашите жени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Свртен кон неа, со стапалки до распаѓање на колениците стиснати на ѕидот зад мене, ја држев во мрежата на недоспуштените клепки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го зел товарот претежок за жена и го донел на плешки до прагот на куќата со еден прозорец и со напукнат оџак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Расфрлени мртовци и ранети, крв, остарена младост на прагот на својот прв ден, мајко моја изгубена во моето детство, и мртва помоли се за својот син и за неговата прва љубов и за спас од споулавување пред спомените.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Нека те носи ѓаволот. И отишол оставајќи го селскиот старешина, ако Доце Срменков бил тоа, да ѝ се заканува на дружината, потоа да стои пред прагот на Фиданкината куќа и да се врти околу себе во страв да не биде изненаден од друг натрапник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бил и останал таков: млади жени поучувал, постарите ги обогатувал со сеќавања за младоста, на ваквите каква што била Фиданка Кукникова им се предавал в раце како штотуку да ги одвоил усните од млечна дојка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во оној час кога таа се доближи навистина без видливи движења и само малку се надви над моите очи, во оној час кога во возбудата и во душникот почувствував скокоткање на мравји разбудувања, невидлива чучурлига го прогласи денот за почеток на пролетта: ливадите ги покриваат белокруни колениши, се разбудува меѓу шаренолисни крвариги желурок и со пренежен писок бара во капинова грмушка оклопена невеста, и се дуе во стоплена бара жерав пред бели птици со смирени крилја, почнува, мислев, зашто сега и водите и небото се сини и дарежливи со светлост, а на прагот на собата падна парче сонце и се разлеа стопено од своја топлина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се сомневам дека такво нешто може да се случи во срцето на Европа, на прагот на 21. столетие - вели мојот shrink со глас на школска учителка. - Прејдете на проблемот - вели строго.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
24 На триесет и први јануари 1827, на врвот на славата и на прагот на смртта, Гете со верниот Екерман разговарал за еден кинески роман со кој бил преокупиран и кој му се чинел мошне значаен.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Која беше таа врата што требаше да се мине еднаш засекогаш преку прагот на заборавот?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа ми го подава лепчето на мојата душа, топлата погача на здивот на родниот дом.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа е секогаш на прагот на отворената врата...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој ги продолжи своите правни студии на Правниот факултет на Цариградскиот универзитет на големо задоволство и на Фети Окјар, кој и покрај големите државнички функции и презафатеност, секогаш наоѓаше време да се сретне со Татко, да го следи текот на неговите студии, но повеќе никогаш не го прашуваше за неговото конечно останување во Цариград.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
45. КОПУК.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко на заминување запре на прагот на куќата која беше под сенката на лисјето од голем даб, која набргу стануваше светлина, светлина на неговата цариградска младост.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Прагот на конакот е отворената душа на човекот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И самото доаѓање тука беше непромислена работа, а вистинска лудост беше што дојдоа заедно, иако, навистина, по различни патишта, за да се сретнат пред самиот праг на О'Брајан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој ја отвора вратата и со десната нога го пречекорува прагот на домата наша. Се крсти пред иконата.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Од прагот на училиштето та дури до излегување не креваше очи да погледа ни лево ни десно.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се спуштаат тие по трње низ гранки камењари со товарот тежок на зграгореното време по сенката дур им се влечат со чекор премален и сончевото пладне и дождот на неверната пролет Патот негов е долг со пробудените гори во згаснатите очи низ мракот устремени кон солзите на таа што пазувата за навек му ја дари Се враќа сега поетот од домот негов пресен кон старата стреа на ридот во забрзаните води ликата што му ја бара и сенката сал му ја помни И на тој дален пат го придружуваат сите со замолкнатата песна што не знае да молчи и што кон биднината сонувана го води Недооден пат на тагата Воздишката на пролетта го следи кон хоризонтот на незгасливиот збор Се развева тој во замав нов како семе упатено кон отворените предели на надежта Враќање сега е тоа по свршената работа на смртта во часот глув Попусто на ништото таа песната да му ја предаде сака со процесијата тажна на прагот на муграта што огрева
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Додека низ решетките на јазикот Ги пребарувате зборовите Редејќи ги од праг на праг Несакајќи отсекувате прамен Од косата на Паул Целан. (Од огнот на радоста До новото огорчување Луј Арагон ги затвора прозорците Бранејќи се од црвени ветрови).
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
2. Мојата приказна „Стасав во последен миг, но сепак го преминав прагот на авлијата 28и премрев, мислам, одеднаш: - самрачна светлост, неспокоен сјај и јарка нестивната страст која се одразува врз сѐ и во сѐ и сѐ превреднува, како премрежје - сетне, интензивен спој вибрации збрани на едно место налик на грст значења вкрстени во еден единствен збор (о, парадоксално блаженство на хомонимијата - си реков и почувствував дека допираат до тебе моите помисли, надтежнати од профаност занесени по светост изострени од долгото 'рвење меѓу принудата и поривот меѓу надворешното и внатрешното!)
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сѐ уште во бунило, пробаш да ја замислиш потем да ја визуелизираш сопствената аура. Изгледа ноќта не си била сосема сама додека си ги преоѓала праговите на сонот одвнатре и однадвор.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кога ги сонувам од морето протерани без замена за изгубеното избезумени од промената и предвреме пресувани фосили кога го читам внимателно нивниот ритмичен скелет тој совршен сонет за патиштата сами од себе што се делат и нѐ делат кога се обидуваат да ми објаснат што му претходело на сонот се загледуваат долго во себеси таму кајшто сѐ е јасно од шкргите им потекува крв основната боја на Земјата да не ја издадат тајната на молчењето да изгубат волја да се вратат во својата природна состојба да ја изменат претставата за светот но и за себе затоа што сѐ природно е некогашно во мене прагот на чувствителноста отстапува под скерлетниот пламен на она кое требало да се изговори а согорело под папокот афазијата на говорот станува сеопфатна а мртвата тишина, или со други зборови смртта, на дофат.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Мигум се сторивме сите пред куќи. Ни оживеа прагот на куќата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се омажила во дваесет и второто лето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Течат по избразденото лице. Паѓаат врз овенатите лисја на пелинот што расте крај прагот на бараката...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се случи она во што никогаш не би можела да поверува, иако секој ден ја стегнува и ја сподавува болка кога слуша како многу мајки и жени ги оплакуваат своите мажи и чеда...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Крстовица го стави писмото во еден плик на кој беа залепени две канадски марки; бегајќи од дома, од куќата опфатена со пламен, таа само толку успеа да земе од целата покуќнина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Од прагот на влезната врата каде што седеше, Петре ѝ рече на Ѕвезда: - Ѕвездо, ајде кажи ја Петре- Петре Пиралче.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)