После сето ова, тој одлучно истакнува дека правата од работен однос не можат да бидат предмет на ничии игри и тактики, и дека ако некој повторно му прекрши некое работничко право тој без двоумење би повел работен спор пред надлежен суд со цел да побара негова заштита. 66 1. Интервјуто го водеше Александар Ковачевски, на 10.III.2011, во Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Закони за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, Сл. весник на РМ – бр. 136/11, 23/13, 25/13, 137/13, 164/13 и 158/14. 86 У.бр.255/2009 од 07.VII.2010; У.бр.160/2010 од 29.VI.2011; У.бр.213/2011 од 02.V.2012. 85 94 Со делегирањето на нови права на претставникот на работниците дојде до одредено подобрување на правата од работен однос, па така неговото право да разговара со работодавачот за потребите и проблемите на безбедноста и здравјето при работа беше заменето со правото тој да бара од работодавачот да преземе соодветни мерки и во таа насока да поднесува предлози со цел да се намалат опасностите за вработените и/ или да се отстранат изворите на опасностите. (чл. 15 од ЗИДЗБЗР/окт.11)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)