правило (имн.) - го (зам.)

Со ова е поврзана и поентата дека интенционалистичкото објаснување, наспроти Витгенштајновото тврдење, не повлекува дека правилата го поседуваат оној вид или степен на автономија која би ја сугерирало нивното разбирање на платонистички начин.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
1. По технологија, тоа е главно вака: откако ќе се постави претставата, делото по правило го снемува, Режисерот го има во главата, нему не му треба (поправо, тој го има во главата уште пред претставата; а по претставата, воопшто не му треба, заправо му пречи, зашто треба да му влезе во главата друго дело според кое ќе ја прави следната претстава).
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На прво место, во интенционалистичкото објаснување никаде не се вели дека јавната принуда во поглед на учењето на правилата и нивната коректна употреба не е задолжителна.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На лустерот сигурно висат кристали, како украси на новогодишна елка, по некое непишано правило го има во салонот на секоја стара градска куќа...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Моето умирање нејзе ѝ е нешто како скришно место кое повремено по правило го наоѓаат брачните другари за оние работи со кои ги комлетираат брачните свињари.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Напротив, самата идеја на „интернализирање” на едно правило го претпоставува неговото преземање од извесен тренинг, или, во секој случај, од набqудувањето на она што се случува во јавната сфера.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Она што интенционалистичкото објаснување го смета за некохерентно, е Витгенштајновиот чекор од признавањето на конститутивното значење на овие факти кон тврдењето дека со тоа се исцрпени сите факти.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)