појава (имн.) - во (предл.)

Но најлошо од сѐ беше што поп артот многу бргу најде свои приврзаници меѓу уметниците.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кон средината на шеесетите, сликите на баналните објекти станаа нормална појава во амбициозната уметност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И покрај тоа што минимализмот во многу работи беше спротивен од поп-артот, обата правца го делеа ладниот, импер­сонален изглед - простор на непристрасност. 1965-та година се чинеше дека сликаревата топлина, експресивната страст од минатата деценија, веќе беше сосема поразена.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се менуваа така природните појави во атмосверата, една зад друга а нам ни беше некако најпријатно после дождот, затоа што пред дождот набојот беше некако кобен, па сите луѓе па сите луѓе беа некако напнати.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Согласно на тоа големите (култни) политичари се антиуметнички гении, нивната појава во светот е одраз на една активна енергија чија тенденција е да се завладее и контролира (асимилиран атавизам).
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Нашминканото огледало и мојата издолжена појава во долна облека, го пропаднаа последниот обид да доживеам утро кое не наликува на неколкуте пред него.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Дури подоцна сфати колку бил несвесен за природното вклопување на својата физичка појава во новиот пејзаж – неговата висина и русата коса можеа да бидат и словенечки и австриски, и германски, како што виде подоцна, додека возот продолжи да оди низ широките пространства на обединетата Германија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Универзална појава во јавниот живот на СФРЈ.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
И нема да згрешите ако речете дека токму таа е една од најзабележливите пројави секаде каде што ќе се појави смртта!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Возбуденоста е разбирлива појава во ваквите околности.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сите знаат дека вообразувањата и самоизмамите се многу честа појава во необичниот свет на затворот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа и никогаш во таквите тврдења не смееш да играш на картата на сигурноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Дали во Уцена, со својата појава во подземната железница, прв пат се пошегувавте на своја сметка?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
На научниот симпозиум насловен не многу претенциозно „Појави во движењата на етникумите“, научното соопштение загадочно насловено како „Наезда на сенките“ на професорот Седларски не привлече некое посебно внимание.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)