почва (имн.) - по (предл.)

Стврднатите нозе беспомошно барале потпир, почва по која ќе ѝ се избега на болката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По искуството што го имале на европската почва по завршувањето на Првата светска војна и неуспехот на политиката на Вилсон со неговите „Четиринаесет точки“, САД се повлекле во изолационизам*, кој во почетокот на Втората светска војна сѐ уште имал свои приврзаници во САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Истата соѕиданост во влакнестото тело, истиот рамнодушен подбив кон сѐ она што не е залак, истата упорна залепеност за тврдата почва по која се гази, со полунаведната глава, во потрага по храна.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Едниот рог заорал по тврдата земја. Животното се обидело да воздивне воздух и да го отфрли од своите ребра мачителот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)