И така мудрецот ќе се насочува од едно значење кон друго, од буква до буква, како во потрага низ лавиринт, трагајќи по излезот на апсолутното значење до буквата Aleph, во која се крие Господарот на светот...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Патрик Крисман, не е преведувачот на Атеистичкиот музеј, зашто самиот намерно не сакав да го внесувам во времето на албанскиот сталинистички пекол, од разбирливи причини, во времето кога тој како амбасадор служеше во оваа земја, како што ми велеше, моите книги ги преведуваше секогаш почнувајќи од полноќ, трагајќи по некогашните извори на светлина од татковата потрага низ Балканот, останувајќи верен, на еден друг начин на Башларовото кажување, во потрагата по островот на светлината во ноќта на Албанија...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И така започна необичната потрага низ сиџилите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
За тоа враќање ми преостануваше само моќта на литературата, алхемиската потрага низ наследените таткови книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во мојата романескна потрага низ митот на исчезнатото отоманско време, сефардската култура ми стануваше важна компонента да се доразберам и самиот себе во потрагата по сагата на моето албанско и балканско семејство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)