Во овој текст ќе се обидам - ко некаков товарен лифт - да спојам неколку зони на прашања: за односот меѓу внатрешното и надворешното во светлината на односот меѓу два медија - во случајов наречени “архитектура/филм/”; освен тоа, во најкуси можни црти (молскавични ко потпис!) ќе се обидам да ги изложам проблемот на идентитет-легитимитет и улогата на потписот во тој контекст; на крај, како илустрација за одредени ставови наметнати во текстот, ќе кажам неколку зборови за филмовите со Бетмен.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Пред таков еден ковчег од бадемово дрво и искитен со со нишки зелена и бела срма се најдов еднаш како повикан сведок при вршење потпис во ничија куќа.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Живеат градови со ѕидини од копнеж, суви лисја во мислите на стари жени, зими на слободата, феникси крај каминот, луѓе што чекаат во ред да ги отворат кориците и да стават потпис во Книгата на смртта.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
- Многу сакам кога и вие сакате исто што и јас, секогаш велеше тој.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Дента кога се роди Димитар и јас го ставив својот потпис во матично.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Или едноставно заминувале негде, и еден по еден нивните потписи во писмата ги снемуваше.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
За да ти поверувам тебе и на твоите тврдења, еден добар дел од својот живот и од животот на татко ти ќе треба да го отпишам.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
По оваа несреќна околност, Божиновски се решава да ја тужи битолската експозитура на „Кјуби“ АД за осигурување и реоси- гурување, за неисплатениот „минат труд“ без да бара враќање на работното место.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Затоа Божиновски смета дека отказот намерно е даден по започнување на важење на новото законско решение, за да – на некој начин – тој биде „казнет“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Кога компанијата „Кјуби“ дознава дека е тужена, го известува дека тој има акции кои, во негово име, биле купени од матичната компанија од Австралија (!?), и за да ги добие во валутна противвредност, треба да потпише Изјава – која му е понудена на потпис во август 2005, во која ќе стои дека сите права и обврски од компанијата се намирени и дека тој, како работник кој поседува акции, е согласен сумата што би му следувала од продажбата на овие акции да ја добие намалена, соодветно на 265 неговите „финансиски задолженија“!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)