На работ од полето имаше брестови што се нишаа благо, а некаде зад нив се наоѓаше потокот во чии зелени вирови под врбите пливаа рипчиња.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Една вечер Даниел со кола ја одведе Рози на прошетка по некои споредни патчиња, но и таму сообраќајот беше како вода во потоци во време на поплави, така што возењето не претставуваше задоволство.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Некаде во непосредна близина, иако не се гледаше, течеше бистар, бавен поток во кој пастрмки пливаа во вировите под врбите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ако ти се случи да пиеш од поток во оној таинствен час кога заспива водата, кого и да повикаш од мртвите ќе ти се огласи и ќе ти ја раскаже иднината.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
- Да не била оваа поток во твоето детство? – се распрашував.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Не – се насмеа мајка ми – беше иста ваква уличка, ама тогаш немаше асфалт, туку калдрма, камења наредени еден до друг.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)