поткрепа (имн.) - на (предл.)

Во подножјето на сончевиот диск, уреусот, боженската поткрепа на властодржјето, го потсетувал на решителниот загриз Нефер-Хеперу-Ра-Уен-Ра-Ехнатон, блескавост Атонова, родител на шест мили ќерки, Големиот Превратник, чија песочна коњска глава (главата на Пастернак) се лизга низ влажните смртни дланки, толку впечатливо фотографирана, заедно со снимката на крилестиот cafuceus на ѓаволестото момче, откаде што повторно тие, двополните со внатрешното око, ги пречекуваат безимените души на гледачите.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Истата вечер стариот Голдблум, облечен во ноќна анетрија, додека жена му држеше свеќник над главата, ги броеше, потплукнувајќи меѓу прстите, крупните банкноти што ги редеше на постелата, подготвувајќи ги, заедно со неколку обврзници, како практична поткрепа на предлогот што го подготвуваше за утрешниот разговор со син му. „Дојдете”, ми рече д-р Астерид.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)