Најчестите значења кои му се припишуваа на инаетот, според Камилски, беа: тврдоглавоста, гневот, лутината, упорноста, кавгата, каприцот, подивувањето и други.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Еднодушното решение на делегатите да ја поддржат кандидатурата на Рузвелт, кого Американците од словенско потекло го гледале како приврзаник на зацврстувањето на американско-советската соработка, претставувало најконструктивната акција на Конгресот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Несомнено, процесот на обединување на Американците од словенско потекло не бил ниту малку лесен од причини што големиот број иселеници со себе ги носеле политичките и националните судири со кои биле оптоварени земјите од кои доаѓале во САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Четвртиот период, во коегзистенција со третиот, своето потекло го води од раните шеесети и е окарактеризиран со „реверзија на херменевтиката, и со речиси метафизички истражувања во преводот и интерпретацијата“; накратко со визија за преведувањето како широко поле во чии рамки спаѓаат и други дисциплини.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Исто така, претседателот на САД бил поканет да биде главен говорник на Конгресот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Пред одржувањето на Конгресот, Извршниот комитет испратил писмо до Ф. Д. Рузвелт, во кое Американците од словенско потекло го повикале повторно да се кандидира за Претседател на државата, како гаранција за продолжување на политиката на советско-американската соработка за успешно завршување на војната.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Камилски овој турцизам од арапско потекло го наоѓаше во балканските јазици и многубројните дијалекти со речиси константна семантичка основа, но и со дополнителни значења коишто се надоврзуваа на основното, не можејќи да имаат таква функција во придружните значења.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)