Конструкцијата на потезите во вакви ситуации се гради врз основа на неисцрпната креативна енергија.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Она што се случувало во средината на 1944 година, под влијание на победите над силите на Оската, според експертите на британското Министерство за надворешни работи, "повторно ја оживува руската традиционална политика".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Наместо дипломатското шаховско поле во кое се играа првите потези во пат-позицијата на палестинското прашање, во стратегијата на малите чекори на геостратегиската игра на Хенри Кисинџер во решавањето на палестинско- израелскиот судир, градинарот Раиз, ја создаваше симфонијата на боите на различните цветови во картагинската градина...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се обидував да ја растолкувам и оваа од приказна од илјада и едната од картагинската градина на мудриот Раиз, во контекстот на историските настани во древната Картагина, каде што не престануваше, како од оживеан вулкан да избива историјата, како од далечно делфиско пророчиште, близу пунските гробници на жртвуваните новороденчиња...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ги поднесуваше и неговите илузии, непредвидливите потези во патувањето на семејството.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
А самите настани што потоа следувале, как што се анексијата на Босна и Херцеговина од страна на Австро-Унгарија и Балканските војни од 1912/13 година, биле потези во таква игра во која Русија и Централните сили ја примениле политиката на одмерување сили на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Ова е само законски потег во корист на охрабрување на т.н. „штрајкбрејкерство“, со кој законодавецот, по којзнае кој пат, се става на страната на работодавачите – коишто и така, во секој поглед, се помоќни субјекти од исплашените и неорганизирани работници.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Бувар и Пекуше со нивните експерименти и потези во различни области сакаат со идеалистичките вознеси да се вивнат кон апсолутното и не можејќи да ги поднесат противречностите, веруваат во моќта на човековиот дух да им се спротивстави на сите феномени за кои науката нудела според нив свои незадоволителни решенија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)