потврда (имн.) - дека (сврз.)

Ни до рамена ни ми стига, ж'т е како тиква печарка, сув како чкорка, та он ќе бил за мене, красте!“ — се тешеше, но сето тоа беше само потврда дека „и се слизна нешто од рака".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Море, мирни калуѓери и на Велипеток прасе јадат; било та се рекло — одговори Јован и го ослободи Толета дека збор нема да испушти по однос на неговата посестрима Митра Брлева, што ја остави пред две три години во Софија, а која се врати и настојува да тргне со него како негов четник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— A јас ќе потврда дека го познавам од затворот, та ќе се уреди сета работа, а?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сите доклади за судрувањето со Толета беа потврда дека Толе е неприкосновен.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Токму поради тоа што не ја сакал интерпретацијата на своето уметничко дело, која истовремено би била затворена и бесконечно отворена за имагинацијата на гледачот, Дишан не сакаше да дава посебно јасни нагласки за можните поаѓалишта за исчитување; прикриеното појаснување во насловот и иконографијата претставуваат потврда дека тој го избрал најотворениот и со противречја најбогатиот образец: токму алхемискиот образец.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Има постојано гости од Југославија. (Навистина, на патот имаше расфрлани отворени југословенски конзерви и празни кесички од „арго“ супи, па тоа ни беше уште една потврда дека овде летувале наши луше.) Од Катерини се спуштивме кон широката атинска магистрала и го забрзавме патувањето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Пострашно од тоа дека ликовите не ѝ се од крв и месо можеше да биде потврдата дека и таа не е само обичен смртник.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Одвреме-навреме помислував и на Лудвик, но тоа беше само потреба да се сетам; секој човек има потреба да се сети на некого или на нешто, оти тоа е потврда дека живеел, дека имал минато.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мајка ми ја измолкна една зима од под сламарицата и ми ја навлече врз другите алишта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Што да пишувам? - прашувам пред да ми се обрати иследникот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како послушните автомати додека проверуваат дали постои потврда дека наредбата навистина е издадена.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Откако седнав иследникот му даде знак на спроводникот да ја напушти собата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Една од потврдите дека тој престој вистински се случил беше и партизанската блуза. Веројатно паметите дека ја носев.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Знаеше да се изненади ако потврдите дека само тој ја кажува вистината, а ќе се зачудеше ако му префрлевте дека греши.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тие мислат дека луѓето со кои се разминуваат, луѓето со кои се среќаваат, луѓето со кои живеат, се дел од некаков сон, од нечија имагинација, дека едноставно не постојат – нивната опипливост не е потврда дека се вистински.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Такви исти верувања, кај различни луѓе, на различни простори, се повторуваат неброено многу пати низ времето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Клучот - како нешто најскапо, како потврда дека и јас сум слободен, самостоен, способен да се грижам и за себе, и за домата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На големиот одмор се распрашувавме за него, но никој ништо не знаеше да ни рече.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога и другиот ден Љупчо не дојде на училиште, се вознемиривме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)