пот (имн.) - на (предл.)

Кантарот носи лисјето златно а в гради луто далгите беснат на ж’лтата мака - на ж’лтиот тутун на ж’лтата пот на рацете ни!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Моето кревко тело нема смисла за убав подвиг, но ти лесно според потта на мојата болна кошула, како според Книга на болниот, ќе ги протолкуваш сите соништа и ќе ја покажуваш кошулата како поука на сите кои копнеат заедно со Тебе да стигнат таму каде што не може никој освен тебе.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Иако од болката му изби пот на челото, најлошо од сѐ беше стравот дека 'рбетот само што не му пукнал.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се прашуваш на што ли ти мириса потта на огледалото и едначејќи ги по звучност врисоците на кујната, размислуваш во која техника да го нацрташ денот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Стрмнината преку Гола Глава Бојан, речиси, ја искачи без капка пот на челото, без каков и да е знак на замор.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој го одвиткува писмото извалкано од потта на Оливера и мавта со него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Над нив преку небото се протегаа пукнатини, извртени корита на реки од кои ќе удри зовриен потоп, живот на смртта со закана и за живот и за смртта на преплашената земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стравочудебното село било куп човечки седалки од кал и со сламени или 'ржени покриви, некои од тие куќи дури и без прозорци и бездруго однатре со залостени врати зад кои ноќе над заспаната челад бдеел домаќинот со секира, со вила или со прешилест чекан за кршење камен ослушнувајќи ги шумовите и стрелушејќи се од душите на мртовците и од арамиите или од организираните одметници на распашаните глутници на башибозукот и на аскерот што станал безредие во безредието на пеколот ширум по вилаетот и исто толку по осоговските масиви на кои некогашниот деспот Оливер мислел дека ќе е исто толку вечен колку што е и господ во заблудените срца на луѓето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некогаш достоинствениот дворјанин со меч на појасот и крст во срцето градел свој молитвен дом со крв и со пот на гладни шутраци, сега пред тој манастир со име Гаврил Лесновски ја пречекале дружината десетина мажи, и самите темни и суви; мислиш дошле оддалеку да стојат пред стара и крива дудинка и да го наслушнуваат умирањето на зимата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потта на луѓето и говедата, или мојата, без причина мирисаше на сварена пченка, без причина мислев дека волските очи зреат и пукаат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)