„Сѐ ќе биде исто, и сѐ ќе биде ништо.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мајчинството е дарување на нов живот, но за мене беше и нешто повеќе од тоа – продолжување на едно постоење кое веќе заврши.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се сеќавав на тие мигови кога во судницата, на масата со излижана маслинеста боја, се шеташе бледа неонска светлина, заминувајќи на десно, паѓајќи на подот, по паркетот, и пак враќајќи се од левата страна на масата, повлекувајќи ме и мене низ нејасни сеќавања за неизвесноста на кружното движење што од игра со сласт и страст се претвори во вител на силна и матна вода во која се губи свеста и престанува постоењето кое толку многу го сакав.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)