постигнување (имн.) - договор (имн.)

Британскиот амбасадор во СССР, Кер, постапувајќи по директивата на своето Министерство, на 13 март испратил писмо до министерот за надворешни работи на СССР, Молотов, при што уште еднаш го запознал со британските ставови за југословенско-бугарската федерација и го изнел задоволството од советските убедувања за нејзината неактуелност, но ја предочил британската вознемиреност поради советското одобрување на преговорите меѓу Југославија и Бугарија за постигнување договор за сојуз и заемна помош.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Консултациите се спроведуваат: (1) кога времето, методот и нивната содржина се соодветни; (2) на релевантното ниво на раководство и претставување, во зависност од прашањата за кои се консултира; (3) врз основа на информациите што ги обезбедува работодавачот, во врска со информирањето и на мислењето на претставниците на работниците; (4) при потреба претставниците на работниците да се сретнат со работодавачот и да добијат одговор за секое свое мислење и (5) во поглед на можноста за постигнување договор за одлуките во рамките на овластувањата на 26 Согласно последните податоци на Заводот за статистика, бројот на активни субјекти со над 50 вработени во Република Македонија изнесува 2.1% (в.повеќе - http://www.stat.gov.mk/ PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=79).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во таа смисла, Британската влада презела низа мерки кои стоеја на патот за постигнување договор со НКОЈ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Кон крајот на декември 1943 година Черчил инсистирал владата на Божидар Пуриќ да се откаже од Дража Михаиловиќ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сосема отворено побарал Советската влада да се изјасни во однос на идејата за „Голема Македонија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)