постела (имн.) - на (предл.)

Вивна пламен и ја осветли куќарката, та се виде постелата на машкиот кат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Оној што умрел на постелата на која се родил - исто како да не умрел. Уште малку и ќе си се вратам дома...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Чекај, си велам, да се вратам до мојата смртна постела на која сум умрен и да погледнам дали на мршата ми се забележува дека сум свршил.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Со денови, со ноќи, откако извишија ѕидовите, Откако во правта околу нив, под нив Се препознаваше белиот малтер Измешан од сонце, од воздух, од дожд, Мајсторот дигаше, ги потпираше, ги врзуваше Греда по греда, штица по штица, Коваше брут до брут, клин до клин, Сѐ дури не се покажа костурот на покривот Сѐ дури не дојдоа сите да ја даруваат куќата, Сѐ дури не извиши таа повисоко од сите други куќи Од каде можеше убаво да се види месечината Како влегува низ отворениот прозорец И лази под постелата на заспаното детенце во старата куќарка.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Не приоѓајте му, Тој се крие во жиличките на тревата, Скита низ пустината и наслушува од која страна ќе надојдат водите, разговара со плодовите, неговиот глас за визглавје го ставаат во крошните на децата и во постелите на болните, неговата галија плови меѓу пусти острови расфрлани низ морињата на оние што останаа без сон.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Сега сѐ беше се престорило во некој јагленосан цвет, во некоја студена постела на огнот...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
СТУДЕНА ПОСТЕЛА НА ОГАН („Ветерот се враќа во студената постела на огнот“ Октавио Паз)
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Исус Христос е резенка црвена лубеница Покрај постелата на старецот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ѕидниот часовник – Предел во кој да ги распознаеш сите божји состојки од кои растат децата и цветовите; Поштарот кој среде летен дожд тропа на вратата и го довикува твоето име; ветровите што го менуваат правецот на корабите; воин од кој е останата само бројка врежана на неговиот череп; иницијали на ѕверови престорени во болки и во гранчиња; калуѓери што се движат по работ на морето и бараат пусти земји за молитви и мир; Елена на топлата постела на првата вечер; потомства што ќе ги остават своите ребра покрај ребрата на своите татковци; записот оставен врз плочата над нас.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
понатаму од трските и шеварот гледаше Висар, како жените, по умирањето на некој, ја вадеа сета постела на која спиел умрениот и сета покуќнина со која се служел, да ја мијат на езерото да ја тријат: веленце, мутав, постеќија, сазма, клашник, сакма, џубе, ресичка - удираа со пиралките на нив, фрлаа пепел и катранен сапун, луга и жива сода за да го извадат и очистат од нив и допирот и здивот од умрениот;
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Нема извори на живот. Животот е извор што се пие себеси.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
2 Според подоцнежното раскажување на кукулинецот Лозан Перуника* (значи по седумдесет и осум години од настанот, кога тој веќе бил на прагот на своето столетие, поточно - според записите на некој калуѓер од илјада деветстотини и тринаесеттата година, кога веќе се гризеле со оган и челик под знамиња на лав или двоглав орел и атакувале едни на други преку полумртви села и градови во прашина, во чад и во треска бугарските дивизии на генералите Тошев, Ковачев и Иванов и српските дивизии од Првата, Втората и Третата армија на престолонаследникот Александар и на генералите Степановиќ и Јанковиќ, и едните и другите, мобилизирајќи ги македонските голтари од вардарскиот, пиринскиот и егејскиот дел на својот вилает да пукаат едни во други**, додавајќи му ги на тој хаос и грчките војски, сите три крунисани влади на тие армии во алчна агонија да лапнат по еден залак од Македонија), во она време големоглавиот и бабуњосан Адам Леновец им раскажувал на неколцина од дружината дека попчето што го мердале ноќе во Лесново не се занесувало толку по идејата на грчката Патријаршија за една голема и од Зевс или Саваот благословена Елада, тој неграмотник со ретка брада можеби за тоа и не знаел, колку што сакал да ги завлече прстите со многу топчести ковчиња под ленената кошула на Фиданка Кукникова; каменоделците по ден, најчесто пред своите жени со загатливо сомневање под клепките, ја проколнувале и ја пцуеле убавицата со дамки, со тие златни очи на страст и копнеж по милување, а ноќе станувале од постелите на своите жени, божем во дворот ќе шопаат широко расчекорени и без воздишки по она што пред тоа го сонувале, всушност како лилјаци ја облетувале Фиданкината куќа со еден прозорец под бушавиот сламен покрив и со напукнат оџак; жените веќе нешто знаеле за ноќната лилјачка игра на своите мустаќести балами и со дукат го наговарале попот да се преправи во козинав врколак и да внесе страв во селото; ама и на попот, како што раскажувале, не му висел под папок суџук од мелено козјо месо; и тој станувал бабачко кога ќе се сетел какви тајни си криеле жените под кошулите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Крцкаше тука негде, можеби под постелата на која пред тоа младата црнокоса жена била топла, блага и мека.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Баба му го става Мечето во постелата на Зоки. - Но да знаеш, нема да се откривате.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Додека тој се приближуваше кон постелата на која таа лежеше со рацете склопени на книгата што ѝ лежеше на градите, ми се чинеше дека го видов она што го видов и при нивната прва средба, она што го гледав и при сите нивни подоцнежни средби – онаа присилна воздржаност, онаа скротена возбуда, она исчекување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пак бев тука, покрај нив (тие никогаш не се сретнаа сами, јас бев вечниот сведок на трепетот на нивните зборови и на упорноста на нивното премолчување, јас внимателно го набљудував секој нивни гест и секој израз на лицето, кои издаваа многу премолчани нешта), но сега, кога брат ми седна крај постелата на Сара, јас го наведнав погледот, и само слушав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Будење на зглавјето на сонот и на чистата постела на проѕирното небо помеѓу приказните на ѕвездите (и сѐ ова дури и начкртано со палави движења на детска рака)...
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И вртам околу постелата на Ѕвездана. Ми е страв да го пофатам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)