Директорот, барем навидум, воопшто не беше загрижен кога дозна за покренатата судска постапка против фирмата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По изминувањето на осум работни дена од објавувањето на огласната табла се смета дека врачувањето е извршено (чл. 75, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Потоа, тужителите не се обратија до Трудовата инспекција туку, директно, покренаа судска постапка против МЦ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Веќе увидовме дека пред да се реши на овој чекор за судска заштита, Авдиќ неколку пати добронамерно се обиде да воспостави контакт со директорот, меѓутоа наиде на арогантен, крајно непрофесионален, дрзок и игнорантски однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Пред да ја покренат судската постапка, во април 1996, потенцијалните тужители пробаа овој проблем да го решат вонсудски – преку праќање „абер“ на луѓе блиски до директорот, но ова не вроди со плод.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Неосновани причини за откажување на договорот за вработување се: 1) членство на работникот во синдикат или учество во синдикални активности во согласност со закон и колективен договор; 2) поднесување тужба или учество во постапка против работодавачот заради потврдување на кршење на договорните и други обврски од работниот однос пред арбитражни, судски и управни органи; 3) одобрено отсуство заради болест или повреди, бременост, раѓање и родителство или нега на член на семејството; 4) користење одобрено отсуство од работа и годишен одмор; 5) отслужување или дослужување на воен рок или воена вежба и 6) други случаи на мирување на договорот за вработување утврдени со овој закон (чл. 77, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)