Нели, многу пати имате доживеано да се почувствувате изневерен и да помислите дека некој од блиските ве игнорирал, дури и повредил, иако со својата постапка всушност посакувал само да ве поштеди!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Навистина убав, обмислен ред на постапки; сѐ се чини толку природно; мислам дека неа воопшто не би ја збунил заклучокот дека сите овие постапки всушност укажуваат дека таа е домаќинка која отворено ја прикажува својата наклонетост кон уредноста: Ништо не смее да пречи, да недостасува но дури ни да стрчи.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)