Работодавецот е должен, при вршењето на инспекцискиот надзор, да го предупреди инспекторот за тоа што се смета во прописите, односно неговите акти за државна, воена, службена и деловна тајна (чл. 15, ЗИТ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Судиите-поротници ги избира и разрешува Судскиот совет на РМ, под услови и во постапка опре- делени со закон (чл. 42, ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во согласност со закон, заради отстранување на утврдените неправилности, инспекторот има право и обврска на субјектот на надзорот: 1) да му укаже на утврдените неправилности и да определи рок за нивно отстранување; 2) да му нареди да преземе соодветни мерки и активности во рокот кој ќе го определи инспекторот и 3) да забрани работа во работна просторија, на дел од техничка технолошка целина, на одделно работно место или на орудие за работа (чл. 17, ЗИТ). 5. Во судењето учествуваат и судии-поротници кога тоа е утвр- дено со закон (чл. 38, ст.3 од ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)