поставување (имн.) - на (предл.)

Но оваа година ни покажа оти историските околности никојпат не ќе дозволат да се соедини цела Македонија со Бугарија; сега за Македонците и Бугарите останува едно од двете: или делење на Македонија меѓу балканските државички и со тоа загубување на 2/3 од Македонија за Бугарите и Македонците, или полно пресечување на врските со Бугарите и поставување на македонското прашање врз наполно неутрална, чисто македонска основа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Знаеш тато, започнале со поставување на хидрантна мрежа и мрежа за отплинување на теренот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Прво, беше прецизирано дека поставувањето на в.д. директор од страна на Владата, во случај ако се констатира дека здравствената установа во која се штрајкува не обезбедила итна медицинска помош и минимална функција на сите организациони делови во процесот на работата, се однесува на јавните здравствени установи (чл. 288, ЗЗЗ/12) и, второ, беше воведена глоба од 3.000 до 6.000 евра за здравствената установа која нема да обезбеди вршење на здравствена дејност во услови на штрајк (чл. 306, ЗЗЗ/12).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Подзабавуваа со поставувањето на масата со надеж дека сепак некој, макар и случајно, ќе намине да направи здраво- живо со нив, само кој ти доаѓа на ручек ако претходно не е канет?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во првите години на комунизмот во Македонија, во нашето учење беше исклучено постоењето на Бог, на негово место не беше никој поставен, како што тоа ќе се случи со поставувањето на идеолошкиот Бог во родната земја Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На тоа прашање јас одговорив кога зборував погоре за борбата со пропагандите и за поставување на нашиот народ во добри односи спрема сите македонски народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа цел се достигнуваше едно со најавување историски и други права и сообразувања, а друго и главно, со инакво поставување на прашањето за народноста на Македонските Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Поставувањето на прашањево е повеќе опомена отколку вистинско прашање.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)