Што друго да се очекува од суперсоничната постава на српските писатели, предводена од, божествениот новинар и писател; литературен деец и теоретичар; директор и уредник; сануовец и пеновец; добитник на Априлската награда на Сараево и Октомвриската награда на Белград, со еден збор, растерувач на мракот и пријател на мирот.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Ноќта е црна постава на денот што се превртува како маскарада Таа е темната утроба на гласот што низ сите ѕвезди везе молчење Најмногу ги сака постелите кревки сред шумниот мирис на боровите Интимна е тогаш и гола како страст што низ смеа мами вечна тишина Па ако тлее нешто живо во неа ќе пеам што мртво не е уште сѐ
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Воздивнавме со олеснување: нашата делегација е 94 Margina #4-5 [1994] | okno.mk во репрезентативен состав; успехот е загарантиран.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Ете, ти носам писмо од Перета Тошев. Писмото се наоѓа во поставата на палтово.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)