Неа ја разбија и ја раскашавија, претворајќи ја во мочурлив терен на неговата душа токму скриените матици на воспитувањето, непрекинатите предупредувања, почитувањето на волјата на татко му, потоа на учителите, професорите во жешовската гимназија, силната волја на реб Аба Апфелблум, но и на неговите професори од рабинската семинарија прочуените Шварц, Гејер и Аптовицер, тие планини од знаење на кои веќе како студент гледаше со стравопочит; со еден збор волјата на авторитетите што го формираа него и во крајна линија неговиот досегашен живот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во последно време тој често се подсмеваше на нашата слепа послушност кон задолжителните патокази на стварноста. – На сите ни е неопходна нотичка позитивна лудост – ми рече, а потоа ја испразни својата трета чаша црно – Ми се чини дека јас сум веќе сосема близу.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Поради тоа што волјата никогаш не му беше силна, а карактерот, како што низ годините од него се бараше сè поголема послушност кон сè побројните авторитети, му стануваше сè покревок.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Но од друга страна, знаеше дека не може да побегне од слепата послушност кон нив.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)