последица (имн.) - кој (зам.)

Долги години присутен на „штиците што живот значат“, Трајче Кацаров е скенер на актуелните состојби кај нас и во соседството, залагајќи се за високи културни вредности со кои би се отстраниле последиците кои го загрозуваат убавиот вкус.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Врз основа на тоа, се преувеличува придонесот на криминализацијата во големината на проблемот на наркоманијата, а со самото тоа и позитивното влијание на легализацијата. 73
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Да земеме да набљудуваме земја во која се забранети сите видови дроги, дури и марихуаната, а во која сепак не се воочуваат штетните последици кои поборниците на легализацијата би можеле да ги предвидат.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Проучувајќи ги падовите на другите империи, Татко може да се соочи и со последиците кои ќе се однесуваат на неговото потесно и пошироко семејство.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ова му даваше спокојство и брзо од неговиот ум ги бркаше мислите за последиците кои може да ги претрпи ако средбите со неговиот школски другар му се земат за лошо.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Судот закажува рочиште на коешто на записник ја констатира склучената спогодба која добива својство на судско порамнување – ако се исполнети условите за склучување на судско порамнување согласно овој закон (чл. 308, ст.4 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
4.  За разлика од укинувањето (дејство ex nunc – „отсега“ за во иднина) кај поништувањето на одреден правен акт (ex tunc – „оттогаш“ 52 т.е. наназад) се создава впечаток дека овој поништен акт воопшто не ни постоел во правниот промет и сообраќај и, ретроактивно, се ништат сите правни последици кои настанале од неговото дејство.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работодовачот во соработка со организаторот на практичната работа треба да изготват план за работните места кои се безбедни за извршување на практичната работа за студентите во рудниците во рамки на образовната програма. (чл. 9 од ЗИДЗБЗР/окт.14) Со истата измена е предвидено дека глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му биде изречена на правно лице доколку не им овозможи на вработените непосредно или преку претседателот на синдикалната организација односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат и претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа да учествуваат во утврдување на недостатоците како и во подобрување на условите за работа, како и доколку не се консултира и соработува со вработените и погоренаведените претставници за опасностите и последиците кои произлегуваат од изборот на работата.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Со втората измена и дополнување, од април 1999 година, се преформулираа правните последици кои настануваат за вработените во претпријатието со продажбата, при што сега се пре- двидува дека на вработените во претпријатието им престанува работниот однос со денот на влегувањето во сила на договорот 7.  Закон за присилно порамнување, стечај и ликвидација, Сл. лист на СФРЈ, 84/89. 156 за продажба (чл. 34, ЗИДЗТПОК/апр.99).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
„Јасно се заклучува“, одговори префектот, „поради природата на документот и отсуството на определени последици кои инаку веднаш би настанале кога крадецот би го отуѓил; то ест, кога би го употребил, оти најпосле сигурно мора да го употреби.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)