Што се однесува до Пикасо: тој беше најобичен прагматичар во политиката, понесен од трендовскиот стремеж да се биде авангарден, атеистичен и социјалистичен или комунистичен, тој кокетираше со левите сили правејќи му портрети во јаглен и црн креон на другарот Јосиф Висарионович Сталин со изразита идеализираност.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Додека гостите, со помош на организаторот Ниротакис Алимакопулос, ги заземаа своите места крај масите, Ласте Думбаровски беше растрчан меѓу нив делејќи им најлонски кесиња на кои, од надворешната страна, веднаш под стилизираниот амблем на „Здравје“, беше напечатена негова фотографија, крупен портрет во погледот исполнет со грижа за здравјето на народот, а во секое кесе, во тенка лимена рамка со димензии 30Х30 сантиметри, беше сместена фотографија со мотив на трн, најчесто магарешки.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)