пореметување (имн.) - на (предл.)

Во ред, да претпоставиме дека М Ѓурев воопшто го нема посетено другарот секретар во спомнатиот понеделник; дека не ја видел белезицата на раката на Ботка; дека сѐ ова што се случува со него во затворов овие денови се некои необјаснети привидувања; дека и кај него, еве, дошло до тоа пореметување на рамнотежата помеѓу она што не било, и она што тој мисли па дури и верува дека се случило.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
При тоа, за сиже користете или некое кратко патување или доаѓање на некое туѓо лице во нова средина (пореметување на постојаниот ред на нештата - вообичаен почеток на романот).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Менувањето на правецот на ветровите и притисоците на воздухот, заедно со ненадејното пореметување на температурата, таа нејзина брановидност, ја чинеше недопирлива.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Се изумува дека точно тој фактор ја спречува високоселективната цензура на кортикалните центри, дека се појавуваат пореметувања на перцептивините настани, дека е тоа изменета свест на личноста дека е тоа негова деперсонализација и да се потсетиме само на кажувањата на Бодлер, Олдос Хаксли, Анри Мишо, да се потсетиме на Рембо, Аполинер, Горки.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)