попладне (имн.) - во (предл.)

Да го гледаш и да го молиш и да те моли и двајцата раце сте престорени само да молите нешто да молите Дур да слета морна пеперутка и да те гушка и ти да ја мачиш и ти да ја убиеш со едно молчење на сите камења брат да им бидеш и да гледаш како нестануваш полека кожата како ја пробиваш од себе во попладнето од попладнето во припекот како се сокриваш и пак легнат точно кај што си да се најдуваш и да молчиш.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
погледот подземно помни пловидби (и кога бреговите израснуваат меѓу јас и водите и кога решетките го отргаат јас од небото), прсти, писма, потоци, патеки, презреани плодови, празни пехари, пресна пот – колку жед по протокот прска од п-то колку пречекорени празнини колку плотни попладниња во п.о ! стоењето е движечко
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Тоа беше едно од оние летни попладниња во кои ништо не се случува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да се излезе надвор, пред зграда, е сè уште топло и во тоа време на улица нема ни едно дете.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дарвиш изрази желба еден ден да го чита овој роман...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ни остануваше дел од попладнето во чудесниот пејзаж.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Затоа што нивното место не е таму, туку овде,“ одговори доктор Гете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Зошто не ги пуштите дома оние кои сакаат да си одат?,“ го праша Клара доктор Гете едно попладне во просторијата во која плетевме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не ги паметам сите поединости од разговорите што ги водевме, но го немам заборавено мирисот на сите мои попладниња во Пасажот... ми се обраќаше понатаму Нилика во нејзиното писмо.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Беше летно попладне во средината на дваесетилјадитата кога градот престана да чека.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Последното попладне во Малибу, Мама беше горе во хотелската соба.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)