Тие со Алекса Баба се согласија и му купија на новото попче Петка цел такам црковни одежди за да му се најдат во последен час — за закоп, господ да чува, оти попот не може да излезе пред господа во мирјанска облека.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Попот не можеше да го допие кафето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Стариот поп Васил, му пријде со растреперен чекор, со коскените раце го фати за рамо и со скршен глас му рече: - Држи се брате и синко Ѓорѓи... - попот не се доискажа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Само поповите не се реинкарнираа. Нивната потпапочна, мистична набрекнатост се пренесува од поколение на поколение.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Овците се претворија во згради, гајдите - во гитари, кавалите - во саксофони...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Така Петре ги презеде сите црковни работи: во старата црква, долу во гробиштата, тој ги читаше апостолите и тропарите, тој ја амкаше кадилницата со темјан, тој ги опеваше мртвите и ги крштеваше новородените, ама се знаеше оти поп не е, та затоа луѓето го почестија само со прекарот Петре Питропот.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Ние поп не можеме да најдеме, а ваму и учител треба да бараме.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Попот не можеше да нѐ причести како лани.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Новите попови не знаат старословенски, како што новите главатари не знаат новословенски.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)