Ги реди сите занаети „додека бабата да го разврзе крајот на црното шамивче и ги извади двата бели череци да му го плати заметот на дедот поп за работата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сега само отслужи една обична Златоустова литургија, се назова „Христос воскресе“, се причестија луѓето што ги испостиле седумте недели страшните пости, му дадоа по едно јајце на попот за „божиот дар“ што го примија од него и црквата се пушти.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ете ви селото, ете ви луѓето, жените, децата, ете ви стоката, што сакате правете, силата ви е во рацете – објасни попот за сите и пак го начека грбачот од кадијата преку очи.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Еврејските попови за тешки дукати му се молеле на својот светец, Парамахуј или Махупаруј - не се сеќавам, клечеле во авра, пееле, светеле и вода и масло, ја прскале куќата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Доаѓал ноќе и ги кршел чиниите или ги тркалал тепсиите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)