поп (имн.) - има (гл.)

Туку шуќур си велам денеска што е недела Па поповите имаат венчавки и крштевки И немаат време за визитации на коали и други сонувачи На сон поп ако ти дојде ќе ти напраи триста лошотии На сон владика или поп и за ѓаволи се веруваат А богами не се чуло дека и на јаве ги есапат за ангели Така барем велат дојденците од Македонија кои своите попови Повеќе се среќаваат по судови одошто по црквите За да расчистат како може тоа што народот го изградил Да не биде народно ами попово И како може некој да биде овчар ако нема стадо И многу имотно-правни а не духовни работи Расчистуваат македонските попови по австралиските судови
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Геле Накотник го молеше својот пријател да се смири, навистина попот има познат судија, човек што е вистинска власт.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Седеа на иста клупа, меѓу нив е главурдакот јавач и бардакот со вино и двете чаши. Попот имаше нешто позасилена брада и творечко неспокојство во очите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)