Од понеделникот до петокот така. Во петокот, кај пладне, како да се поврати детето од неевестицата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Набргу потоа сите знаеја дека во работните денови, од понеделник до петок, по 19 часот, во ресторанот „Кај Таки“ за припомош беше ангажиран Гоше.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Понекогаш му се чини како сите денови од понеделник до недела да се слеани во еден: станување, миење, пиење кафе, појадување, одење во градината, подработување во неа или седнување под борот и втонување во албумот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)