понеделник (имн.) - вторник (имн.)

Целиот исполнет со претчувства за она што допрва треба да се случи - набиен со енергија од некаква замислена иднина, несигурна и тешка но слатка во својата не-веројатност, чекори забрзано дишејќи шуткајќи ги оние мали бели-кафеави камчиња на патот во кои ги проектира своите замисли за деновите што изминаа, понеделник вторник и среда.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)