И бомби паднаа утредента, на многу места во градот; и болницата ја разурнаа кај Градскиот саат, иако, целиот покрив беше прекриен со голем црвен крст; и добар дел од оние што беа полегнати по креветите и очекуваа помош ги развеа ветрот со големата лопата на смртта; бомбите само касарните ги поштедија, чудо невидено; а тој, мојот маж а твојот татко, гледај го ти него, го лашти зелениот форд; селото гори баба се чешла; го светнува, го дотерува, како божем на свадба ќе го носи, и во понеделникот, на седми април, точно според барањето на известието, се качи во автомобилот и замина кон касарните.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Во текот на Првата пунска војна, Картагинците во нерамноправните борби со Римјаните на помош ги повикале мерценерите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
„Ете, помина со рамнодушност низ мојата лутина“, си реков.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
На економиите на многу земји тогаш им беше дозволено да стагнираат, земјата престана да се обработува, инвестиции за обновувавње на опремата не се вложуваа, на големи делови од населението им беше оневозможено да работат, а државната помош ги одржуваше само полуживи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тоја пак, немоќен да си помогне самиот себе, вината и помошта ги бара некаде надвор – рече старецот. – Мора да блеснеш со сјај однатре, да му ја дадеш потребната енергија на телото.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)