Со рекламите за блескави заби одат реклами за лепаци за вештачки вилици: совршениот дизајн на едните и на другите ја поништува помислата за ироничната спротивност.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тој беше далеку од тоа да биде маж - потчинет на жената, но помислата за машка превласт во неговите машки гради во голема мера беше ублажена од силната личност на Кети и од неговиот приземен разум.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тој сето тоа го правеше по некоја своја далечна навика, без никаква помисла за очекување.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А таквата помисла за заскитаноста или за загубеноста ми наиде кога во аголот на собата, во мрежа обесена на ѕидот, забележав зелка и неколку моркови.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Навистина бев исполнет со ентузијазам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сфатив дека ми останува само да се согласам со него дека е потребно да се создадат такви околности што ќе оневозможуваат секоја помисла за постапки што водат кон несреќи и слични окончувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Безумен предавнички поглед, во длабок понор молскавично блесна помислата за коренити преданија на неверна жена... со фереџе го прикри твојто лице..?
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
- Да појадувам... Помислата за појадок предизвика глад.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Се разбира, со оглед на фактот дека знаев оти постојам побрзав да ја отфрлам помислата за некаква етерична или духовна состојба.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Но во црквата пак се појавија неважечки пари и таа помисла за Андро отпадна.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)