помине (имн.) - низ (предл.)

Кога ќе се најдев неочекувано во таа приказна час ми се чинеше дека станува збор за еден ктаток миг, час ќе се издолжеше тоа мое присуство во приказнава цела една вечност, а кога гледам на времето како на денови подредени еден зад друг како да станува збор за поминување низ животот и секое подзастанување претставуваше нов детаљ што отвора нова врата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не, не се залажувам туку тврдам оти минувањето низ времето е поминување низ неговата прав.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И колку си поназад толку е поголема правта низ која треба да поминеш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Губењето на целината на претставата за убавото за жал се случува токму тогаш кога ќе отвориме истовремено многу врати од тие разбранувани спомени па тие неконтролирано ќе нагрвалат, како незапирните води од поплавите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)