половина (имн.) - и (сврз.)

Се позатаи малку да види дали уште ќе ја штрека половината и крстот и бидејќи сети леснина, се обрна кон Митра со наивен детински поглед и полна доверба како кон своја мајка или сестра: — Да е видел господ, слепела, сестрице Митро, ошче за влакно ќеше да скрша глава. Boa ти било проклетија од господ на жените, сестричко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Крвта бликна и му го облеа лицето, а Толе збесна. Со еден скок го фати сега за гуша Аќифа, му го откина јатаганот и, дури да посегне Толе и дури да го спречат другите ораџии и сеирџии што се загнаа да го откинуваа, Толе замавна и тилот од Аќифовата глава се оддели од другата половина и Аќиф се испружи на сред чаир.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потоа, како допирот на нејзината половина да ја потсети на нешто, бркна во џебот од униформата и извади едно мало парче чоколада, го скрши на половина и му подаде едно од парченцата на Винстон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го потргнува превезот што го дели широкиот кревет на две половини и гледа во креветот лежи Хера облечена во блескава ношница и со круна на главата како кралица.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Со надеж на исцелител го подал рацете и исправен, и во тврдоста нечујно подвижен, зачекорил несовитлив во половината и во глуждовите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
МАРА: (застанува со рацете потпрени на половината и го гледа).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Потоа стави во него малку ракија од буренцето во аголот и, седејќи крај огништето, се соблече до половина и колку што можеше побрзо, и колку што можеше поубаво се намачка со ракијата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Оттука зафатил Силјан да им ги кажува на луѓето сите грешки што му грешавал на татка си и на мајка си, што им правел, при сѐ што домаќинот од половината и повеќе беше му ги знаел на Силјана грешките.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Сѐ уште се надевал извлекувајќи го јатаганот од појас: можел да стаса до својот коњ побрзо отколку гонителите до него. Многуте гласови како да го сопнувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Појасот со повеќебојни риги му се одмотал од половината и се влечел по него, го чинел бавен, грмушките и камењата му ја кинеле линијата на движењето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)