Ѕвездите ќе трепнат за миг, и во полноќта ќе земам сѐ, сѐ, што ми треба и не треба...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
А што ако самиот Црн Господар ме мами, па сè ова е само сон, а девојката ламјина ќерка со три змии во срцето што по полноќ ќе доползат до мене, заспаниот љубовник, и отруен ќе ме вратат на јавето.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
А знае дека на полноќ ќе престане моќта на волшепството. Сказалките ќе се склопат како ножици!
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
За неколку секунди после полноќ ќе падне совршениот надворешен оклоп и јасно ќе може да ги видиме љубовта и ранливоста кај сите од нас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И која сум јас, како перзистирам, а околу мене ескалира оваа ноншалантна, патогена човечка рамнодушност, вициозност, расипаност, порочност, го живеам ли својот живот, ќе почуствувам ли евтимија и етернален спокојот на сопствената умирачка.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
- О, ти не спиеш! - се изненади Месечината кога ја догледа куклата со широко отворените сини очи. - Доцна е, полноќ ќе е скоро...
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)