политика (имн.) - кој (зам.)

Не можат да изберат текст, то ест автор ниту режисер, едноставно не можат да влијаат на репертоарската политика која, според нив, е диктирана од државниот апарат односно од Министерството за култура.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Таа стратегија Швеѓаните ја нарекуваат „стратегија на солидарност“. Нејзин основен принцип е спроведување социјална политика која сите граѓани ги вклучува во општествениот и економскиот живот - посебно младите, за да не подлегнат на фрустрациите и на чувството на отуѓеност - со што се намалува и потребата за дрога. 74
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Најмногу изгледи за успех би имала стратегијата која во голема мера би се потпрела на холандското и шведското искуство. Наспроти впечатокот кој погрешно би можел да се стекне, Холанѓаните не ги легализираа јаките дроги; тие практично ја комбинираат фактичката декриминализацијата на марихуаната со строгата примена на законот против трговија со јаки дроги.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)