Кога престана дождот Саноќ младич си пееше негде низ полето и гласот му паѓаше како семе во влажна земја.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Макијавелистичката опција ќе го обзема и напушта Арафат во текот на целиот живот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Трајче го јавна Дорча и тргна... Го мина полето и навлезе во долината.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Среде наполеоновската окупација, во климата на патетичниот полет и жестокиот национализам, Гете ја разобличуваше систематската верност на уметникот кон својата татковина.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
За разлика од кривата на владетелите, со јасна линија на подемот и падот, Арафат ќе оствари повеќе такви криви на владеењето, со чести полети и падови...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)