поле (имн.) - од (предл.)

Тројцата донеле со себе невидени и нечуени чуда: сребрени белегзии со модри каменчиња, школки, од кои, кога ќе се легнело врз нив со уво, шепотело морето, вретенесто суви риби со отворени усти и со боја на проѕирно злато, басми со секакви шари (едно цветно поле од качунки и синолички), морски ѕвезди, презашеќерени непознати овошки од кои се дебелело.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето од тој крај никогаш не им се чуделе на крастите - срцето е здраво, и на ѕверот кожинката му се митари.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да се двоумеше еден момент, а потоа сепак ја пружи раката и го зеде кибритот од зад порцеланската ваза на која стоеше Кинез во чамец што плови кон поле од трски.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На ниедно поле од животот немам стабилна конекција за да можам да се чувствувам така.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ко две сенки, нечујно се разминавме во магнетно поле од електрицитет, допирот не ми значи...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)