Нашите мудри мисли и гласна смеа се прелеваат преку балконските саксии, па преку тивките покриви се спуштаат до долгиот булевар Вилшир, фаќаат кривина кај палмите и продолжуваат надесно кон блискиот океан, каде што умираат во бучните води на намќорот Пацифик.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
На покривот се собираа гугутки, ги слушнав.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Навистина почнуваше пролетта. Низ прозорецот без стакло бапна мирис на шума и цвркот, од некоја црква се огласи со сребрен глас старинско ѕвоно, ме опи со чад на темјан, ме растрепети со топлина и со сеќавање на песна што сум ја слушал во свадбарски утра од Богдан Преслапец и Блаже Задгорец.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
По ламаринените покриви се прелеваа светлите фатаморгани на сонцето, како треперливи бакарни светулки чиј отсјај создаваше илјадници сонца во очите на набљудувачот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)