поимање (имн.) - на (предл.)

Отсега противниците зборуваат со ист јазик: и кај едните и кај другите етничкото поимање на нацијата ја победува теоријата за слободен избор.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На мошне заобиколен начин Дерида како да навестува дека странската, источна митологија внесена во Федар вопшто не е странска, туку е составен дел од Платоновиот сопствен дискурс - значајна придодавка, би се рекло, која треба да се смести вон, а всушност припаѓа внатре.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Професор Ричард тврдеше дека 34 конквистадорите за своите успеси во Америка не треба да им бидат толку благодарни на коњите и на барутот, колку на бродовите, односно на фактот дека за нив, наспроти поимањето на Индијанците, скокот преку океанот беше наполно овоземска работа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Скандалозното поимање на пишувањето, кое ги нагризува самите темели на наша­та мисла од филологијата до семиологијата, опстојува во она што Дерида го нарекува текстуалност, неговата теорија на пишувањето како систем од придодавки кои се разликуваат едни од други а притоа взаемно не се укинуваат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Трупот беше добро хранет и тоа не со јазикот на „обновата и изградбата“, туку со регресија и разградба, со едно паролашко поимање на литературната идеја и новинарскиот однос спрема финесите на литературната стилистика и методика.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тоа ќе биде третата голема револуција во човековото поимање на светот и себеси, по онаа на Коперник и Дарвин: Коперник му покажа на човечкиот род дека не е центар на универзумот, Дарвин му покажа – дека не потекнува од Бог туку од мајмун, а јас – дека човекот не е она што мисли дека е.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во начинот на живеење, во владеењето со луѓето, во формирањето и поимањето на државата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)