познава (имн.) - на (предл.)

Човек преку практичното дејство врз природата ја откриваше оваа за себе и во себе, своите мисли и своето познавање на природата како реализација на самиот себеси во неа.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Стариот материјализам со својот чисто емпирички метод никојпат не можеше да го види нивното единство, нивниот премин една во друга, па затоа неговото познавање на објективниот свет и на општеството беше ограничено, неполно, мртво.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Бремето на зрелоста им налага и поголемо познавање на политичките и социолошки теми, како што се расизмот или екологијата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Таа очигледно имаше практична остроумност која на Винстон му недостасуваше, а изгледаше исто така како да има и неисцрпно познавање на околината на Лондон, здобиено во безбројните колективни походи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зад секое име и презиме во заграда ја пишуваше земјата од каде доаѓа девојката, потоа повлекуваше цртичка и додаваше по некој податок од записите на Илона, што го сметаше за важен: националност, возраст, образование, познавање на јазик, карактеристики на поведение.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дали злобата е знак за недоверба кон индивидуата или е последица (на исто така несигурното) познавање на селското предание според кое Симоновиот предок е запаметен како негативен лик?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)