поздрав (имн.) - од (предл.)

7.5 Остана вжарен белег од тој здив Расцветана рана на кожата однатре Како последен поздрав од Мајка Која никогаш веќе не ја видов.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Ете, така, почитуван мој М., те молам да ги примиш надоблачние, небесните поздрави од стрико ти Бојан Домански, ни рајски ни адски туку средински.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кај Стојкоските колиби, каде што наминаа да го предадат поздравот од дедо Димо на Дедо Стојко, дедо Димов врсник, ги чекаше изненадување.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Толку за сега, поздрави од Филаделфија, Ташку П.С. пред некој ден бев на кино и гледав еден многу убав филм, минатата година беше главен хит во Холивуд, со најпознатите глумци/пејачи, ама му ги заборавив имињата.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Што стана? – со треперлив глас го праша кадијата Јунуса не отпоздравувајќи го и не слушајќи ги поздравите од Рифата и забитот, што влегоа по него. – Готови се кади ефенди, готови! – Готови? – радосно викна кадијата и се стрча кон Јунуса, го прегрна, го избакна и почна да го тапка по плеќи: – Бравос, бре синко Јунусе, бравос!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Топол поздрав од тело во заборав какви не волшебства љубовта ткае во влажноста на сетилата, шкрипи моќта на природата испреплетена...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
„Многу поздрави од мајка Мирјана. Ви сукала колпите со сирење.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Плати му ги дрвата и по секоја цена најди му сол. Поздрав од сите! Горјан. “
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Та како да и го земат на жената последниот поздрав од мажот којшто не се врати ни жив ни мртов.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Чини и голем поздрав од мене и голема благодарност!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)