Во текот на моите дипломатски години се најдов во Типаза и Картагина, двата доминантни топоса на медитеранските екстази и историските негации кои се во генезата на филозофијата на апсурдот во универзумот на Албер Ками.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во храмот Света Софија, на чии ѕидови запрела светоста, летот на синиот ангел, како симбол на човековото вечнеење меѓу земјата и небото, потоа на поетскиот мост на излезот на реката Дрим од Охридското Езеро, на пат кон морињата на светот во далечната 1978 година се славеше враќањето од егзил на големиот шпански поет Рафаел Алберти, но и другото враќање од егзил на палестинските поети на чело со нивниот бард Махмуд Дарвиш.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во доцните августовски денови, кога бреговите на Езерото се чудесно обележани од најубавите сончеви залези во светот, поети од светот бараат место во вечниот Парнас, само еден од нив доживува вистинска конгрегација, станува добитник на златен поетски Венец, а во катедралната црква Света Софија, му се приредува поетска вечер, како колективна молитва на поетската вистина на планетата Земја.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
- Дојдени сме на овој поетски собир по наредба на Јасер Арафат! - ми рече Махмуд Дарвиш! Во мигот немав одговор.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Можеше секако да се разбере Махмуд Дарвиш, поетот кој постојано тврдеше дека не сакаше да биде разбран само како поет на палестинската кауза.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
XXII И така, крај ова Езеро, уште пред да започнат моите дипломатски години, пред да се сретнам во Тунис со Јасер Арафат, како амбасадор во државата која не постоеше, а денес на некогашната држава што не постои, а тогаш ја претставував, го открив Махмуд Дарвиш, големиот поет на Палестина, живата поетска легенда на арапските поетски пространства, кој задно со поетите кои го придружуваа, небаре излезени од воените ровови, дојдени да сведочат крај Езерото за нивната борба за слобода, за вистината на својот народ.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Судбината како да сакаше да се најдат двата големи поети во една точка каде што се соединуваат едниот со другиот егзил, каде што се остварува враќањето од него, неговиот можен крај, пред новите почетоци...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се обидував, да ја споредам својата судбина на балканскиот дел на Медитеранот, на Охридското Езеро, како негов некогашен дел со камиевската во потрагата по енигмите на природата и забрзаните одговори на историјата, посебно балканската историја, како и реакциите на големите поети на светот, кои овде ќе минат неколку рајски денови(Андре Френо)...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)